Петков го чека предлогот на Макрон за симнување на ветото, Oсмани ќе го следи патот на француското претседателство со ЕУ

Францускиот предлог за укинување на ветото за евроинтегративниот пат на Македонија ќе се најде пред бугарските пратеници. Бугарските медиуми јавуваат дека премиерот Петков најдоцна до утре ќе го претстави предлогот на Емануел Макрон, во кој францускиот претседател ќе фигурира како гарант за македонско-бугарските односи.

Во четврток, 16 јуни, францускиот предлог официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот. Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа продолжуваме понатаму“ – изјавил Петков, пренесува БГНЕС.

Јавноста се уште не знае речиси ништо за францускиот предлог. Додека македонските политичари молчат, од Бугарија доаѓаат информации дека тој предлог ги содржи неколку од клучните бугарски барања кои исто така се дел од нивната резолуција изгласана во Собранието.  Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ги кажел ставот на македонската влада дури откако ќе имал сигнал од француското претседателтво, и уште се надева дека може да се фати возот во јуни.

„Кога ќе имаме сигнал од француското претседателство дека има координиран предлог, ќе го кажеме нашиот став. Ние го следиме патот кој го трасира француското претседателство, и ако тоа процени дека треба да се направат наредни чекори за да се фати возот во јуни, ние ќе бидеме дел од тој процес. Очекуваме да видиме предлог кој ќе биде унифициран од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, за ние да истапиме со став. Француското претседателство ја има големата слика и треба да го преземе кормилото и да кажат дали сцената во Бугарија е поволна за да се оди на нареден чекор – изјави Османи.

Францускиот предлог според досегашните информации треба да биде испратен во матичната собраниска Комисија за надворешна политика.

Инаку, вчера министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Националното собрание го обвини Петков дека му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство кое завршува на 1 јули.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста