Песимизмот расте, Oсмани:  и други земји членки на ЕУ размислуваат за тоа кои услови треба да и се постават на Mакедонија

Ако ЕУ даде гаранции дека заштитата на правата на македонските Бугари ќе стане дел од преговарачката рамка, само тогаш може да дојде до деблокада на македонските интеграции – по бугарските функционери и известувачот за Македонија во ЕП Илхан Ќучук наместо да застане на наша страна поставува ултиматуми во очи на Самитот на 30 јуни. Не само што наметнува нови барања, Ќучук најавува и дека додека се одржи меѓувладината седница ќе поминат две години.

„Ако за тоа се најде европско решение, ако самата ЕК даде гаранции за почитување на човековите права и слободи, би рекол дека може да се оди напред. ЕУ треба да гарантира дека постои механизам за следење на човековите права. Зборуваме за давање зелено светло – свикување на првата меѓувладина конференција. Веројатно ќе бидат потребни две години помеѓу овој процес и отворањето на првото поглавје за новата методологија.“, рече Ќучук.

Но не била само Бугарија таа која го блокира процесот и наметнува што да стане дел од преговарачлата рамка и други земји членки на Унијата се уште размислувале што да прифатат да бидат услови за почнување на преговорите. Иако Османи ова го потврди, сепак вели дека не може да каже кои се тие држави и побрза да се оправда оти топката сега била во рацете на Софија и Брисел.

 „Земјите-членки се многу свесни дека тоа што ќе влезе или би влегло во преговарачката рамка создава и преседани кои потоа треба да се следат што значи дека не е во прашање само нашата преговарачка рамка туку каков ќе биде понатаму процесот на проширување. Гледам дека повеќето, некои многу повеќе, некои малку повеќе се сензитивни на внесувањето билатерални прашања во преговарачката рамка. За посебни инструменти кои претставуваат одредени билатерални прашања, мислам дека се многу внимателни земјите-членки што би прифатиле во однос на преговарачката рамка“, рече Османи денеска одговарајќи на новинарски прашања.

Македонскиот шеф на доплиматијата не бил сигурен дека до јуни може да добиеме датум, вината и одговорноста ќе била на Бугарија и ЕУ.

Но литванскиот шеф на дипломатијата кој е во посета на Македонија се надева оти до 30 јуни ќе има позитивни резултати, но потенцира дека не може ниту една земја да го држи процесот на преговори во заложништво.

И во вакви услови кога и повеќе од очигледно е дека Брисел се вклучува во процесот на разговори меѓу Скопје и Софија, Османи не сакаше да открие која беше целта на посетата на еврокомесарот Оливер Вархеи – дошол со конструктивни размислувања, но во овој момент не може да ги каже јавно.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста