Пендиков не се појави во суд, рочиштето одложено за еден месец

Пресурово е тепачката со Пендиков да се толкува како напад од омраза- цени авокатот на Илија Спасески кој денес седна на обвинителна клупа. Како може вели тој, да мрази некој што во 2009-та година како десет годишно момче прв видел дека тоне бродот со бугарските туристи и заедно со неговиот татко тргнал да спасува животи.

Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој што се исполитизира до едни страшни граници кои што само штетат на целата постапка. Гледате позадина во сето тоа? Чисто политичка работа е. Затоа што ако со внимание ги пратите изјавите на Пендиков кој што ги дава преку бугарската национална телевизија, тој спомна дека не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути, меѓутоа видео снимката кажува сосема поинаква состојба, рече адвокатот на Илија Спасески – Димитрија Цобоски.

Во фаза на истрага не забележав некој од сведоците да кажа оти чул како Спасески употребил зборови како мрсен Бугарин, вели Цобоски.

Инаку Христијан Пендиков не се појави во судница, адвокатот кој го застапува оправдание за отсуството најде во неговата здравствена состојба. Пред судот кажа дека не можел да патува оти се лекувал и отежнато зборувал, иако Пендиков се појави на бугарската национална телевизија на едночасовно интервју. Неговиот авокат рече дека со Пендиков контактирал телефонски, и оти не знаел каде се наоѓа неговиот клиент, не ја знаел адресата каде тој престојува.

Кога ќе ми ја каже ќе ја доставам до судот. Не се тактизира со адресата. Ќе се појави штом заврши со лекувањето, рече Стефан Камишевски, адвокат на Пендиков.

Со неговото доаѓање во судница се тактизира,неспорно е дека има повреда и дека долната вилица му е фиксирана ,но тоа не е пречка да патува и да присуствува на рочиштата,истакна адвокатот на Илија Спасески потенцирајќи дека неговите повреди не се опасни по живот. Судскиот процес ќе продолжи на 5 април.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста