Пендиков дојде на судење, но рочиштето беше одложено: Не се плашел повеќе

Лагодно, облечен во костум, за прв пат од отпочнувањето на судскиот процес, Христијан Пендиков кој во неколку наврати за бугарските медиуми изјавуваше дека не се чувствувал безбеден и оти се пашел да дојде во Македонија денеска се појави во судницата.

Па лично вака да се плашам, не се плашам ама сепак не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани, пцуење на фејсбук на месинџер, да се читаш по коментари, не е убаво чувството”-вели Пендиков

Тој избегна да одговори дали од инцидентот во кој тој беше повреден требаше да предизвика политички скандал и заладување на односите меѓу двете соседни изјави. Бидејќи денешното рочиште се одложи, неизсвесно е дали тој ќе се појави на следниот пат во судницата, затоа што имал пукнати пршлени и тешко го поднесувал патувањето.

Инаку Обвинителството денес достави нови докази,како дополнение на медицинското вештачење на што се спротивстави одбрната на обвинетитот за тепачката,Илија Спасески,напуштајќи го судењето.

 “Чин за напуштање на расправата е фактички револт на, не сакам да кажам дека на некој начин и судот има некој притисок бидејќи ова е основно право на одбрана да ги има сите докази.Не е сеедно во овој момент ако има некоја измена на медицинското вештачење тоа да не го знаеме и да не можеме да поставуваме одредени прашања во поглед на повреди,итн”-вели адвокатот Димитрија Цобоски.

Цобоски изрази сомневање дека судот има некаков притисок, бидејќи, како што рече, основно право на одбраната било да ги има сите докази. Според него, случајот Пендиков, предизвикал меѓународен и европски проблем.Тој истакна дека истата веќер на 19-ти јануари покрај овој,во Охрид имало и друга тепачка за која никој не слушна.Ваквите тврдења го отфрли авокатот на Пендиков.

 “Тврди дека оштетениот е истепан од други лица но на кобната вечер не постои запис во министерствотото за внатрешни работи дека постои друг кривично правен настан како тој и не постои друго лице кое што се јавило во болница со такви повреди, од таков кривично правен настан” –вели Стефан Камишевски ,адвокат на Пендиков.

За судијата Бојан Мариноски кој го води процесот,напуштањето на судењето е неоправдано и незаконско.Следното рочиште е закажано за 12-ти јули.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста