Пендиков го изнервира Спасовски – Обвинувањата дека кај нас се стрелаат Бугари ги наречи чиста глупост

Дозволија да глуми жртва, да го евакуираат со посебен авион, Османи да му оди во посета во болница и во Софија да добие третман на ѕвезда, а сега им смета тоа што ги навредува сите по телевизии.

Последниот јавен настап на контроверзниот Пендиков, кој Македонија ја опиша како темен режим за само-совестените Бугари конечно допреа и го изнервираа министерот Спасовски. Тој ги нарече чиста глупост обвинувањата дека Бугарите кај нас биле навредувани, пцуени, па дури и стрелани додека полицијата немо набљудувала.

  • „Не може 30 години да живеете во една држава и никој ништо да не ви рекол и сега одеднаш да речете дека државата не ви ги почитува правата. Тоа не е реално, не е факт.“ – Истакна тој.

Оваа изјава на Спасовски, следи откако официјална Софија му даде третман на ѕвезда на Пендиков, со тоа што му обезбеди стан, пари, му вети итно државјанство, па дури му додели и 24-часовно полициско обезбедување, после кое тој излегува и јавно ја напаѓа и навредува Македонија. За разлика од министерот за надворешни Османи, на Спасовски кој долго време молчеше, конечно почнаа да му сметаат и секојдневните навреди од разно-разни политичари, кои упорно ја негираат Македонија, македонскиот јазик и нација.

  • „Ние го почитуваме тоа право на самоопределување, во државата нека се изјасни кој како сака, како што тој смета, меѓутоа, од друга страна, сакам да упатам јасна порака, дека никој нема право и нема да дозволиме некој нас да ни го негира правото на самоопределување“ – Вели Спасовски.

Промената на ставовите на дел од владините функционери и користењето на малку по-остра реторика кон Бугарија следи откако рејтингот на власта вртоглаво почна да паѓа поради користењето на политиката на премолчување и попустливост кон Софија, што го разочара и разгневи македонскиот народот.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста