Пендаровски од Брисел: Благодарност до Белгија за поддршката на македонските евроинтеграции

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Брисел, во рамки на работната посета на кралството Белгија, се сретна со белгискиот премиер – Александер Де Кро и кралот Филип.

Соговорниците размениле мислења и ставови за претстојното претседавање на Белгија со Европската Унија во првата половина на 2024-та година. Пендаровски притоа изразил благодарност до белгискиот премиер за поддршката на македонските евроинтеграции и политиката на проширување на ЕУ. Во соопштението од кабинетот се наведува дека Пендаровски и Де Кро  разговарале за стабилноста и безбедноста на европскиот континент, при што била нагласена важноста на партнерството во нато во справувањето со геополитичките предизвици од војната во Украина.. Освен со белгискиот премиер, во рамки на работната посета на Белгија, Пендаровски се сретна и со претседателката на домот на претставниците на белгискиот парламент.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста