Пендаровски не кажува дали ќе ги потпише законите за коридорите

Пендаровски ќе чека до последен момент за да каже дали ќе стави параф на законите за коридорите 8  и 10 д.  Претседателот пред само три недели беше дециден дека ако законот за работни односи превидува 60 часа работна недела нема да го потпише , затоа што вака одлука веќе паднала на  Уставен, сега тактизира до последен момент. Иако е завршена амандманската расправа и законите стигнаа до финално усвојување без ниту еден усвоен амандман, од кабинетот на Претседателот и денеска со истиот одговор :

Претседателот Пендаровски ќе донесе одлука за потпишување на указите откако ќе се донесе конечната верзија на законите, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски .

Од синдикатот му упатија порака на  Пендаровски , доколку сака да ја исполни функцијата прв човек во државата, нека ги заштити работниците.

Доколку сака да биде прв човек во државата и да ги заштити работниците бидејќи тоа се луѓето кои не само што гласаат туку што го полнат буџетот . Не треба да гледа дали е нешто уставно или не туку нека се стави во чевлите на еден работник и ќе види дали е нешто уставно или не, вели Иван Пешевски од Синдикат на градежништво при ССМ .

Посебниот закон за Бехтел и Енка во кој се предвидуваше дека ќе се гради со 60  часа неделно еднаш падна на Уставен суд . Со оглед на тоа дека според пресметките на синдикатот сега станува збор за 72 часа работа неделно, тие повторно ќе го оспорат и очекуваат Уставен повторно да пресече

Законот за работни односи е Устав на работниците, ако се донесе ќе придонесе и други работници да можат да работат толку часови. Не само што е против уставно туку е против сите норми и нормативи. Сојузот на синдикати ќе ги оспори ваквите неуставни одлуки, велам неуставни но уставниот суд треба да ја донесе одлуката, се надевам нема да ја вратиме Република Македонија во феудилазим и робовладетелство, вели Пешевски

Оправданието на Владата за овој закон е дека го носеле за поевтино и побрзо да се изградат автопатите – тоа е најголемата лага децидни се од синдикатот. Математиката за  нивното понудено решение вели дека ако  се вработат двојно повеќе работници кои ќе работат во три смени по 8 часа  ќе се потрошат исто пари колку што би се потрошие за исплата на дополнителна работа . Тие се сомневаат дека овие пари за дополнителна работа на крајот воопшто ќе бидат исплатени и се ќе се сведе на експлоатација на работниците.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста