Пендаровски контра Ковачевски – различни ставови за бугарските клубови

Премиерот едно, претседателот друго. Ковачевски без прецизен одговор дали бугарските клубови ќе добијат клуч на врата ако не го променат името, додека Пендаровски вели законот мора да се почитува. Претседателот на Владата вели имало закони кои важеле за сите но одбегна да одговори дали ќе се делува ретроактивно како што предвидуваат новите законски измени и државата ќе ги затвори бидејќи имаат спорни имиња за македонската историја и ги повредуваат чуствата на Македонците.

  • „Јас не би имал грижи дека ние би се покажале како неисполнителни во делот за заштитата на човековите права на сите граѓани, како што тоа сме го правеле и до сега. Што се однесува до културните клубови, повторувам уште една, културните клубови треба да бидат места кои што ги зближуваат граѓаните од регионот, а не места кои што ствараат раздор. Тие треба да бидат места каде што се споделува културата од една држава во рамки на друга “- одговори Ковачевски.

Претседателот Пендаровски дециден дека законот кој се донесе во Собранието и доби поддршка од сите пратеници, недвосмислено треба да се почитува и покрај пораките кои стигаат од источниот сосед дека треба да изнајдеме начин отворените клубови да функционираат.  

  • Немаме потреба да измислува начин, затоа што постои закон кои што го донесовме неодамна во нашиот парламент , со поддршка и на власта и на опозицијата, и тоа прилично брзо за македонски услови. Се согласивме околу клучната содржина. Рокот тече во однос на имињата на клубовите, само треба да се почитува законот без да се измислуваат нови механизми за постоење на тие клубови. Тие треба да постојат, меѓутоа треба да ги почитуваат чуствата на Македонците, македонските граѓани, сите луѓе кои живеат во Македонија, а најдобар начин за тоа е да дадат имиња кои немаат врска со фашистичкиот окупатор“ вели претседателот.

Дека Бугарија се подготвува за ново вето сигнал беше последнато барање Македонија да ги осудува или Македонците кривично да одговараат ако ги навредат чуствата на Бугарите, што Европскиот совет го одби. Бугарските клубови имаат рок до почетокот на февруари идната година да ги променат своите називи и имиња, дели и дејности бидејќи со усвоените измени се оневозможува отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок. Во споритивно се бришат од Централниот регистар, за што министерот за правда го дава последниот збор.

Во меѓувреме, Бугарите немаат намера да запрат, напротив отворено си ги кажуваат дека ќе отворат уште најмалку 20 клубови во Македонија за да го спречеле како што велат насилството.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста