Пендаровски и Мицкоски на иста линија за референдумот?!

„Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“ – вака треба да гласи прашањето доколку се одржи рефенредум вели претседателот Стево Пендаровски. Во интервју за неделникот „Фокус“, Пендаровски повикува без спомнување договори, точки, опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат.

-Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“.

Пендаровски предлага и да се симне прагот од 50 плус 1 од запишаните гласачи.

– Да го симнеме прагот од 50 плус 1 од запишаните гласачи и да биде само од оние што сакаат да гласаат тој ден. Власта и опозицијата да го сменат Законот за референдум, да го исчистиме избирачкиот список според она што е нов попис и ви тврдам дека значаен дел ќе бидат „за“ ЕУ, исто како што тврдам дека мнозинството од реалниот електорат се изјасни позитивно на референдумот за Преспа, вели Пендаровски.

После долго време сме на иста бранова должина со претседателот Пендаровски коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и граѓаните треба да одлучат каква европска иднина сакаат. Мицкоски очекува Пендаровски да ги повика и останатите политички партии да излезат на референдум.   

Идејата за рефендум дојде од партијата на Мицкоски, откако во законодавниот дом беа изгласани заклучоците за Францускиот предлог и тој беше прифатен додека пред Собранието македонскиот народ протестираше. Опозицијата е со јасен став дека за вака сериозни прашање последниот збор треба да го имаат граѓаните на Македонија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста