Пендаровски им се налути на ЕУ: Дадовме премногу, дури сменивме и име, не добивме ништо

Станавме Северна, на Бугарија и удоволивме на се што ни побара, за возврат од Европската Унија не добивме ништо. Во моменти додека македонскиот претседател не убедува дека мора да прифатиме уште една и повеќе од сериозна отстапка на барање на Бугарија, им се налути на европските лидери. Вели и досега сме дале премногу, сме промениле дури и име на државата, а од Брисел сме добиле само 17 годишно седење во европската чекална. Според Пендаровски ваквата позиција на ЕУ може само да доведе до уште поголем евроскептицизам кај Македонците.  

-Ако во меѓувреме имате тип на препреки или предуслови да започнете со преговори какви што не се забележани во модерната светска дипломатија и историја. Значи и да промените при тоа име на држава, а да не прогресирате и да добивате се нови и нови барања, значи како велат да биде подвижна мета, кој и да не место на овој нашиот народ, македонски народ, македонски граѓани би изгубил ентузијазам да ја поддржува таа унија, изјави Пендаровски.

Пендаровски дури и испрати порака до официјалните лица во Брисел, доколку не ни станеле поголема поддршка, дека ќе веќе немало ниту да има европејци политичари.

-Со ваква поддршка, тенка, слаба на ЕУ, вие практично не му давате ветер во грб на реформскиот блок, проевропскиот блок да спроведува реформи и пред се воопшто да биде на власт. Така што можно е еден ден ако воопшто се сетат планерите во Брисел дека регионот на Балканот природно припаѓа на Европа. Значи во тој момент кога ќе решат да посветат стварно поголемо внимание од ова кое го имаат сега за регионот тогаш да немате доволно европејци, изјави Пендаровски.

Со слични тонови и премиерот Димитар Ковачевски. И тој со лутина кон ЕУ, не сме го добиле заслуженото за се што сме направиле.

-Знаете кога ќе направите стратешка грешка, не можете да ја решите за пет минути, затоа што стратешките грешки имаат свој ефект, во период од пет до 10 години најмалку, изјави Ковачевски.

Инаку според последните истражувања секој четврти македонски граѓанин е против членство во Европската Унија. Бугарија се уште претставува пречка на европскиот пат на Македонија, мора да ги внесеме Бугарите во Уставот за воопшто да ги стартуваме преговорите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста