Пендаровски бара гаранции од Брисел и Софија дека отворањето на македонскиот устав ќе биде последниот услов на Бугарија

Брисел и Софија да достават пишани гаранции дека и по евентуално отворање на македонскиот Устав, Бугарија нема да испорача нови услови за почнување на преговорите. Претседателот Стево Пендаровски по средбата со шефот на Европскиот Совет Шарл Мислел во рамки на Преспа форумот, порала дека Македонија нема видено што конкретно има во францускиот предлог за кревање на ветото. 

-Дали има или не францускиот предлог е интерна работа на ЕУ бидејќи во овој момент станува збор за преговори што тие ги прават меѓу себе, во функција на подготовки за заклучоците за 23 јуни на самитот што Франција како претсдавач е должна да ги поднесе на усогласување до сите земји членки. Ние во Скопје тука немаме видено француски предлог, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Брисел не ветува дека во следните десетина дена до одржување на европскиот Самит ќе ја разубеди бугарија за да го подигне ветото за Македонија. Првиот човек на Европскиот Совет Шарл Мишел од Охрид испрати порака дека македонија ќе биде една од темите на состанокот европските лидер но не во форус за одлучување.

-Не сум сигурен што ќе се случи на претстојниот состонок на Европскиот совет, но ќе направиме се да бидат преземени одлучувачки чекори, рече Мишел.

Мишел не открива ниту какви заклучици се спремаат за Македонија, ама повторно ја наметна идејата за паралелна европска заедница во која би влегле земјите кои се уште немаат почнато преговори со Унијата, ама не било алтернатива за европската перспектива.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста