Пеколни температури низ европа, 500 жртви од топлотниот бран, беснеат пожари низ повеќе држави

Огнената стихија во делови од Европа не стивнува. Пожари беснеат во Грција, Словенија, Италија  Шпанија, Франција. Критично е на границата меѓу италија и Словенија. Над илјада пожарникари и повеќе од 300 добороволци се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици, а загрозени се неколку населени места. Во тек е евакуација на населението. Најтешка е состојбата во Добердоб. Поради огромниот пожар ангажирана е и војската. Помагаат со вода, храна и сместување, повикана е и воена брза помош, а ќе се изврши и увид со термална камера за откривање на скриените жаришта.

„Сега е клучно да се спасат населените места. Една населба е веќе евакуирана. Силниот ветер се шири многу брзо. Армијата и полицијата гаснат од воздух, а гаснењето го отежнува чадот. Активирани се дополнителни противпожарни единици од цела Словенија“, изјави Марјан Шарец – Министер за одбрана на Словенија

Се соочуваме со ветерот „Маестрал“ кој дува од морето кон копното. Тоа значи дека ги турка пожарите кон селата Карст, Костањевица и Мирен. Пожарот се шири со неверојатна брзина“, изјави Сречко Честан – словенечки командант за цивилна одбрана

Во Грција пак состојбата со пожарите постепено се става под контрола. Надлежните започнаа увид и регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина, а грчкиот премиер денеска ги посети погодените населби. Не е исклучена можноста пожарот да бил подметнат. Гори и Шпанија и од пожари и од пеколни температури. До сега се регистрирани повеќе од 500 смртни случаи, а шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика граѓаните да бидат многу внимателни и нагласи дека климатската вонредна состојба е реалност. Се стравува дека топлотниот бран на полуостровот кој е најинтензивниот досега ќе придонесе за влошување на состојбата со пожарите. На удар од жешкото време е и Франција. Над 30 илјади жители и туристи се евакуирани од повеќе населени места, откако шумски пожари зафатија делови од земјата.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста