Пеколни темеператури, лекарите апелираат граѓаните да се заштитат

Тропски температури и до 40 степени во Македонија следниве денови. Сепак, за алармантна состојба се уште нема потреба велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Предупредуваат и за невреме.

Топлото време ќе се задржи и во следните два дена со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 28 до 38 степени, меѓутоа и покрај високите температури нема да се издаде алертна фаза за опасност од високи температури бидејки утре и четврток во попладневните часови на повеќе места ќе има нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе имаме и поинтензивни процеси во форма на невреме, ќе дува и засилен до силен ветер а ќе има и локална појава на град, изјави Јулијана Фидановска Мишковска од УХМР

И доктор Бубало од Итната медицинска помош е на иста линија дека алармот е рано да се вклучи, ама тоа не значи дека препораките  на стручните лица не треба да се почитуваат.

Да се консумира голема количина односно доволна количина на течности во текот на летните месеци и да се зема лесна храна. Понатаму да не се излегува во периодот од 10 до 17часот, да се носи лесна, светла и памучна облека, да биде покриен задниот дел од главата поточно тилот, шапка, капа, што имаат граѓаните и да се избегнува тешка физичка активност во текот на најтоплиот период, изјави Д-р: Милица Бубало од итната медицинска помош

Според докторите хронично – болните особено треба да бидат внимателни заради наглите промени на топло – ладно, кога клма-уредите се во прашање. Предупредуваат дека кардиоваскуларниот систем најмногу страда при големите разлики помеѓу надворешната и внатрешната температура.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста