Пацинетите по лекови во странство, државата треба да овозможи влез на иновативни лекови?!

Зошто новите и иновативни лекови граѓаните ги плаќаат од свој џеб? Додека медицината „оди напред“ и во светот старите лекови се заменуваат со нови,  Македонија тапка во место десетици години. Саше Димовски кој е дијабетичар,истовремено има и срцеви заболувања се жали дека неговата терапија месечно го чини најмалку 30.000 денари. Затоа што голем дел од лековите ги плаќа на приватно. Лекот кој го издвои – “ентресто” е приморан е да го купува од Србија зошто е двојно поефтин и не е на пизитивната листа на лекови.

“Терапијата чини 10.000 денари месечно или по 5 илјади денари за 14 дена,истиот овој лек во Србија е двојно поефтин.Замислете ако зборуваме за отворен Балкан и простор без граници ние што тоа го увезуваме дупло го плаќаме овде во Македонија.И ние како пацинети повторно сме доводени во ситуација ако не го купиме по половина цена од Србија јас со оваа доза сега што ја имам и која ми е најавена дека ќе се зголеми треба да одвојам 15.000 денари за го купам само овој лек за еден месец” – вели Саше Димовски, дијабeтичар.

Докторите велат дека голем број на пациенти се принудени да се снаоѓаат „на своја рака“ и да набавуваат лекови надвор од земјава, плаќајќи ги од сопствен џеб – бидејќи во земјава или ги нема или се двојно поскапи.

“Пациентите се во незгодна ситуација бидејќи немаат со што да ги купат лековите.Имате терапии којшто чинат од две до три илјади денари што месечно за еден пензионер со 12.000 пензија е многу” – изјави д-р Бојан Трајковски, матичен доктор.

Од ресорното министерство не добивме конкретен одговор кога конечно ќе биде ревидирана листата на лекови.

Во врска со позитивната листа, значајна новина во оваа област е донесувањето на новиот Правилник за ставање лек на позитивна листа, кој се базира на современите европски практики во оваа област, односно на методологија на проценка на здравствени технологии. Со него се дефинирани постапки и критериуми за утврдување лек на позитивната листа, кои важат подеднакво за сите лекови, како за домашни, така и за странски производители на лекови. Со Правилникот е уредена транспарентна постапка и воведени се критериуми што треба да бидат исполнети за да може лекот да биде дел од позитивната листа.” – велат од МЗ за Алфа.

Позитивната листа во Македонија не е ревидирана речиси 13 години за разлика од други држави каде тоа е редовна годишна процедура.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста