„Патриотизмот“ на Ковачевски за односот на Бугарија кон Македонија изгледа траеше само 4 дена

Блиц – патриотизам – критиките и остриот тон на премиерот Димитар Ковачевски траеа само три дена. Откако ја спореди политиката на Бугарија кон Македонија со таа на Русија кон Украина, министерот на надворешни Османи мораше да трча да го правда пред официјална Софија. Османи во Брисел на својот колега Иван Кондов му давал отчет за острите зборови и ги ублажувал со тоа дека премиерот не ја критикувал генерално политиката на Бугарија туку однесувањето на некои политичари.

  • Тој (Османи – н.з.) се обиде да објасни дека говорот на премиерот де факто бил поврзан со конкретни политичари, а не, во принцип, со политиката на Бугарија. Јас го прашав зошто во таква ситуација е посочена Бугарија, а не конкретниот политичар кон кого се однесувало тоа“, му рекол синоќа Кондов на Османи.

На наводно патриотската изјава на премиерот Ковачевски не му поверува ниту македонската јавност ниту експертите, а по ваквите тврдења на Османи се потврди токму тоа.

  • „Дискурсот кој се користи од страна на Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа. Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа.“ – изјави премиерот.

Ваквото повлекување на по-острите тонови кон Бугарија не се новина за Ковачевски. Слично беше со таканареченото историско „НЕ„ за францускиот предлог, кое мистериозно преку ноќ стана „Да„ па владата го прифати условувањето за почеток на преговори со Унијата и внесување на бугарите во Уставот и покрај протестите и противењето од сите страни.

  • „Предлогот во ваква форма каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за Претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните“ рече Ковачевски на 23.06.2022 година.
  • „Ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од одржување на првата меѓувладина седница која ќе го означи почетокот на преговорите“, рече Ковачевски на 01.02.2022 година.

Реакциите од Софија за споредбата со Русија беа очекувани, и многумина во Македонија не поверуваа во искрените намери на КОвачевски, туку само ги протолкуваа како вовед во нова предизборна реторика на власта која преку вакви патриотски изјави ќе се обидува да спаси нешто од и така слабиот рејтинг.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста