Патот Охрид – Преспа преку Галичица треба да се затвори

Над 30 возила останале заглавени на патниот правец Охрид-Преспа преку Галичица кој е крајно ризичен, затоа што надлежните државни претпријатија не го чистат од длабоки наноси на снег кои на места се во висина и од два метри. Изминативе 2 недели изигруваме шлеп служби заедно со пожарникарите и ренџерите од Националниот парк Галичица, вели раководителот на Планинарската спасувачка служба Антонио Додевски. Во ситуација кога Македонија пат не го одржува патот,ние вели тој, се занимаваме со извлекување на заглавените.Додевски со апел до граѓаните да се воздржат од неразумно користење на патот кој апсолутно не е безбеден за одвивање на сообраќај во никаква смисла.

Не е оправдание ниту таквата одлука на Ј.П. да има одредена забрана, меѓутоа очигледно капацитетите на Ј.П. пак за одржување на регионалните и магистрални патишта поранешна Македонија пат, се такви какви што се и едноставно тие се изземаат од одговорност и можност да го чистат. Тие и во оваа ситуација имаат одговорност да го одржуваат до Корита,па и таму природата го одржува патот, вели Антонио Додевски – раководител на ПСС.

И наместо патниот правец Охрид-Преспа преку Галичица да биде ставен на приоритетна листа за одрживање во зима, ние велат сме принудени да поставиме физичка забрана односно рампи кои ќе ги платат планинарските спасители и управата на националниот парк.

Но ние особено јавната установа, имајќи предвид проблемите со финансирањето не може да си дозволи да го одржува патниот правец отворен во текот на зимскиот период, ние немаме обврска нити во остатоток од годината, вели Андон Бојаџи од Н.П „ Галичица“.

Иако и тоа како е голем бројот на рекреативци кои уживаат на падините на Галичица, според пресметката на државните претпријатија економската исплатливост на овој патен правец била неоправдана, односно бројот на возила кои што според нивната проценка се движат во зима,не соодветствувале со сретставата кои треба да се инвестираат за зимско одржување на патот-ова бил  изговорот со кој настапувале јавните прептријатија. Во програмата на Ј.П за државни патишта стои дека од месноста Корита до Песпа патот е забранет за сообраќај од 15 ноември до 31 март.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста