Парно ќе има до крајот на ноември, ЕСМ чека дозвола за да тестира работење на дизел

Гас има за наредните две недели . Држвната ЕСМ обезбедила гас за топланите Исток и Запад само за до крајот на ноември . Планот на државата е изгледа цела грејна сезона да продолжи да ги држи скопјани во неизвесност дали ќе имаат топли радиатори . Од ЕСМ остануваат на ставот дека ќе набавуваат гас за кратки периоди со цел да се заштедело , бидејќи цената на гасот континуирано паѓала . Набавката овој пат чинеше 1345 евра за 1000 нмк.

Во меѓувреме, топланите подготвуваат систем за работа на дизел гориво , спротивно на препораките од Министерството за животна средина.  

Топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање. Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени. Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката, велат од ЕСМ.

Првичните најави дека тестирањето за работа на дизел ќе започне од 15-ти ноември изгледа ќе мора да почека. Од Министерството за животна средина во телефонски разговор за Алфа инфомираат дека  дозволите кои ги имаат топланите предвидуваат работа на природен гас, а како алтернативно гориво можат да го користат мазутот или дизелот како втора опција, но единствено ако причината е  недостаток на природен гас, а не поради високи цени.

Моменталната  дозвола  која ја имаат предвидува дека алтернативно гориво може да се користи во период од 10 дена  под посебни услови и само во случај на недостиг на природен гас, а не поради високи цени согласно европската регулатива. МЖСП информира дека и за да се тестира работата на дизел , ќе треба да се издаде посевна дозвола.

Од Животна средина остануваат на ставот дека препорачуваат да се користи еколошки горива, но сите мора да бидат свесни дека мора да се најде решение за Скопје да не остане без парно греење.

Греењето на дизел е загрижувачки за живоптната средина, екологистите во неколку наврати алармираа дека вквата алтернатива ќе го дозагади Скопје, кој и онака се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот.  Минатата година Скопје беше меѓу петте најзагадени, позагадено беше во Индија.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста