Парламентарното мнозинство ги избира министрите во Владата

Со 64 односно 65 гласа ЗА, по долги две седмици конечно се изгласаа новите кадри во Владата на Ковачевски. Четворицата министри со свечена изјава се обврзаа да ги вршат своите работни обврски чесно, колку чесно останува да покаже времето. Првиот човек на Владата во обраќањето по изборот кажа дека реконструкцијата на Кабинетот не ја водел според имиња или лични и партиски интереси туку дека станувало збор за квалитетни кадри.

Изјавата на Ковачевски е проблематична особено во делот каде вели дека не бирал кадри по партиски интереси, а токму причината на реконструкцијата на Владата беше оти за неколку пратеника плус Ковачевски го прими назад во владата Таравари чија партија пред неколку години го раскина бракот со СДСМ.

За да се задоволат апетитите на Алијанса на албанците Ковачевски беше принуден да направи промени во Владата, па така Алиу и Меџити ги заменуваат Адмирим Алити и Беким Сали од Алтернатива, Кренар Лога седнува во фотељата која ја држеше професорот Никола Тупанчевки, а Шукова го менува Насер Нуредини од ДУИ.

А кои се нови министри, лица речиси и непознати за јавноста распоредени кои не се образовно квалификувани за министерствата кои ги водат.

Главното столче во министерството за правда би му припаднало на Кренар Лога, кој е дипломиран правник и магистер по дипломатија, Лога кој бил советник за правни работи во општина Струга е замена за Никола Тупанчевски, кој е долгогодишен универзитетски професор.

А новата предлог минситерка за животна средина Каја Шукова, која по професија е инженер технолог, седнува на фотељата на Нуредини. Името на Шукова ретко кој од граѓаните го чул, таа својата позиција како државен секретар за животна средина и просторно планирање, ја напушта и со амин од 65 пратеници станува прв човек на ова министерство.

Докторот Беким Сали се збогува од министерството за здравство, на негово место доаѓа повторно доктор,Фатмир Меџити кој е специјалист-невролог на универзитетската клиника за Неврологија во Скопје.

Местото на министерот за информатичко општество Алити, го зема неговиот колега професор на тетовскиот универзитет Азир Алиу. Неговото работно искуство е во областите на компјутерска архитектура, оперативни системи, контролни системи, машинско учење, мултимедија системи, вештачка интелигенција и друго.

Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство. За нив тек допрва треба парламентот да расправа. Предлог имињата на дел од замениците министри веќе се најдоа на тапет кај опозициските партии кои тврдат дека дел од нив имале матно минато или пак функцијата ја добиле бидејќи имале блиска или роднинска врска со актуелни, односно поранешни функционери од владата на Ковачевски.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста