Панел: „Македонскиот јазик во cловенскиот свет“ – преку македонскиот јазик, опстојуваат Македонците

Македонскиот јазик опстојал низ вековите благодарение на тоа што луѓето зборувале, раскажувалеи твореле, созадавале дела на македонски јазик.Преку македонскиот јазик, опстојуваме и ние Македонците.

И сè додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, а ќе постои и нашата единствена татковина, Република Македонија-рече претседателот на Владата Димитар Ковачевски во своето обраќање на панел насловен„Македонскиот јазик во cловенскиот свет“.Од најраниот период на македонската писменост, кој науката го бележи во 9-от век, преку периодот од 16-от до 20-от век па се до денес кога веќе имаме стандардизиран и меѓународно признат и препознат македонски јазик, факт е дека Македонците, како одделен народ, со свои обичаи, културни традиции, живеат на своја, македонска земја и говорат на свој, македонски јазик.

2 август 1944 година, Првото заседание на АСНОМ, останува врежан во македонската историја меѓу другото и како денот кога македонскиот јазик официјално е прогласен за службен јазик во нашата македонска држава, по што, следната година се усвоени и македонската азбука и македонскиот правопис. И со тоа се случува конечната стандардизацијата на македонскиот јазик. Сето ова, покажува дека македонскиот јазик е вистински и реален, со своја длабока историја и своја автентичност. Тоа што е и денес и тоа што ќе биде за навек”-рече Ковавски.

За важноста на македнскиот јазик за словенскиот јазичен свет зборуваа еминенти професори, научници,  заштитници на употребата на нашиот вековит македонски јазик.

Се додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои и ќе постои нашата единствена татковина.И уште нешто,ќе се сетам на Ѓорѓи Пулески,на неговата реченица бидејќи живееме во мултикултирна средина.Кога ќе излезеш чаршија ќе го поздравиш соседот на македонски, па на албански, па на турски, па на влашки и тн.И уште една моја желба, ако можеле овие народ во минатото да живеат без граници,можат и во иднината”-рече претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

Светите Кирил и Методиј се значајни за писменоста на сите словенски народи, како создатели на првото словенско писмо – глаголицата, од која потекнува и македонската писменост. Централната свеченост, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители годинава се одржа во Охрид.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста