Павловска Данева: Нелегитимниот состав на Судскиот Совет ќе носи сомнителни одлуки

Никој ништо не му може на самоволието на Судскиот Совет. Се останува на членовите сами да се одважат и да си дадат оставки, бидејќи само така би се решила нелигитимноста на највисокото судско тело. По напуштањето на Советот од двајца судии, сега се поставува прашањето зошто останатите не го следат нивниот пример.     

Универзитетската професорка Ана Павловска Данева за телевизија Алфа објаснува дека доколку секој од членовите собере храброст да го напушти телото, постапката за назначување ќе биде многу пократка. Во спротивно, прво ќе треба да се изберат нови двајца членови.  

  • Сега треба час поскоро да се изберат нови двајца членови на местото на двајцата кои си поднесоа оставки во кои не можат да се мешат ниту извршната ниту собраниската власт. Воедно може да бидат разрешени и овие тројца што останаа, и се уште работат небаре ништо не се случило спротивно на законите, и вчера уште фино се поздравија со своите колеги кои речиси на директен начин им кажаа дека не се согласуваат со нивното работење“ вели професорката Павловска Данева.

Од друга страна, за членовите изгласани од страна на пратениците, Собранието може да покрене интерпелација, па конечно да се изберат правници докажани во професијата.

  • Се покажа дека и овој состав и во претходните на Судскиот Совет дека нема истакнати правници, избрани од страна на Собранието, и сега му останува на Собранието односно на политичките елити кои побарале избор на постоечките членови да престанат да се брукаат во јавноста, зборувам за партиите, кои ги предложиле и изгласале постоечките членови на Судски Совет, кои никако да се одважат да дадат оставки, и очекуваме Собранието на државатада покрене интрепелација.. “ потенцира универзитетската професорка.

Професорката укажува дека после таквите случувања во Советот, зад секоја одлука која ќе се носи во иднина од овој состав ќе има простор за сомнеж. Ова се совпаѓа со причините за оставки на досегашните двајца судии.

  • Бројни работи кои успеавме да ги  видиме во само една недела, зборуваат за фактот дека ова тело е нелигитимно. Нелигитимно било и претходно, и пред да можеме да ги воочиме овие слабости, за што сега потврдува изјавата на судијката на Врховниот суд која го напушти овој орган. Да, на вашето прашањето, ќе постои голем сомнеж  зад секоја идна одлука донесена од овој орган, кој велам веќе не ја ужива довербата кај јавноста и се поставува прашањето за неговиот легитимитет.. “ вели професорката Павловска Данева.

Оставките на членовите во Советот, правната фела и невладините ги очекуваат  со денови. Но, наместо тоа највисокото тело во судската власт продолжува да функционира како јавноста да не виде ништо од незаконското работење и постапување.  

Викторија Миткова

https://youtu.be/KMTaB2GkCoA

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста