Охрид ќе „крцка“ полн со гости за првомајските празници

За разлика од велигденските празници кога поголемите хотели бележеа минимална исполнетост,а некои беа дури и затворени, првомајскиот продолжен викенд ќе го раздвижи нашиот најголем туристички центар.Хотелиерите тријат раце задоволни од целосната закупеност на капацитетите.
Домаќините веруваат дека деновиве се само најава за долго и бериќетно лето,бидејќи првомајските празници се репер за успешноста на престојната туристичка сезона.
Можеме да кажеме дека се закупени аранжманите по сите хотелски капацитети,има голем интерес и туристи од надвор и од регионот “-вели хотелиерот Љупчо Цветаноски.
Ако цениме според интересот за велигденските, а сега и за првомајските празници треба да се надеваме дека ќе имаме успешна туристичка сезона -велат туристичките работници. Охрид и оваа година е атрактивна и посакувана дестинација . Туристичката мека е на пат да стане топ дестинација, но она што му недостасува е поагресивна промоција,додаваат туристичките работници.
Ова е една цела филозофија на туризмот значи,не е само да имаме евтини или скапи цени, луксузни хотели,цел Охрид треба да е еден компактен производ за да му го продадеме на странците.И Охрид не треба да е сам за себе, Охрид треба да е дел од една балканска тура каде што луѓето би останале ден, два или неминовно би поминале низ таа балканска тура низ Охрид.Тоа се’ почесто го прават странските агенции, треба да сме повеќе маркетиншки јаки за реклама на Охрид” -вели туристичкиот водич, Љупчо Јузмески.
Од 26-ти април до 3-ти мај Охрид ќе крцка полн со гости,терасите и кафулињата и денеска беа полни.Во добро расположение,секој наоѓа забава за себе,која во Охрид и тоа како ја има.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста