Охрид ќе блесне во новогодишен сјај – украсен како што доликува на најубавиот туристички центар на Балканот

По теркот на сите туристички центри,општина Охрид ќе го украси градот во новогодишно руво и нема да ја почитува одлуката со која поради енергетската криза, Владата од месец октомври им наложи на градоначалниците да штедат на електрична енергија. Охрид како и секоја година ,ќе блесне во новогодишен сјај онака како што и доликува, вели градоначалникот Пецаков, свесен дека тоа се коси со наметнатите владини одлуки.   

Да се коси, Охрид е туристички центар и нема да трпи.Јас се надевам нивните одлуки што ги носат и што ги менуваат од денес за вечер, неповрзано со енергетскава криза, ќе почнат тие да ги почитуваат, а пак ќе кажам Охрид е туристички центар кој што ќе го посетат огромен број на туристи и секако нема да трпи“ – вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Од општинскиот буџет градот ќе извои околу 12.000 евра-пари наменети за новогодишната прослава која ќе се организира за најлудата ноќ,а весело ќе биде на гратскиот плоштад и на 1-ви јануари.Програмата се подговува и набрзо ќе бидат познат избедувачите кои ќе не внесат во новата година. Градот нема да троши на луксуз, оваа сума на пари се издвојува секоја година за скомен дочек во нашиот бајковит град, додава Пецаков.

Одлуката да има забава на гратскиот плоштад ја поздравуваат и угостителите, кои се надеваат дека новогодишната атмосфера ќе ги понесе гостите и покрај високите цени во угостителските објекти, да се почастат со чашка пијалок. Режиските трошоци велат, се многу зголеми и тоа е ставка која што не овозможува рентабилно работење.

„Намалената посетеност е разбирлива бидејќи кризата удира по сечиј џеб и се разбира секој сака да помине со што помалку може.Да, навистина е видлива слабата посетеност,а и квалитативно послугата е намалена.Се работи само за дневни кафиња, обични пијалоци, за поголеми некои прослави или за семејни веселби, за сега некако замрена е работата“ – вели Михаил Мишев-еснаф на угостители.

Поголемите хотели на охридската ривиера се веќе затворени, дели од нив одлучија да не работат дури нити за новогодишните празници,свесни дека поради  високите цени на аранжманите никој нема да им стапне. Ќе профитираат приватните станоиздавачи кои нема да аздисуваат со цените и подготвени ќе ги пречекаат гостите кои новогодишно ќе престојуваат во нашата туристичка мека.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста