Охрид живее една од полошите туристички сезони

Ја живее ли Охрид една од послабите туристички сезони во последната деценија? Ова лето практично е копија на изминатите две кога коронавирусот го сотре туризмот и го втурна во криза далеку подлабока од онаа за време на воениот конфликт во Македонија.Пандемијата спласна,но спласнаа и очекувањата на туристичките работници бидејќи и оваа сезона на ривиерата отсуствуваат странски туристи кои до 2019-та ги полнеа хотелските капацитети од месец мај до октомври. Причините за ваквата слика се од политички карактер,во прв ред затегнатите односи со Бугарија,потоа и од воен карактер ако се земе предвид војаната во Укрина, а не е мало влијанието и на економската криза која ја зафати не само Македонија, опкружувањето, туку и Европа-велат експертите проценувајќи зошто Охрид од година в година има се послаба туристичка сезона која се сведува едвај на 15 до 20 дена.

Неспроведувањето на стратегиите за развој на Охрид исто така има негативно влијание врз туризмот.

Изјава проф- д-р Науме Мариноски- Ф.Т.У Охрид: Ние работевме на стратегијата за развој на туризмот, меѓутоа од политички причини најверојатно и поради некои недоразбирања со невладиниот сектор околу уредувањето на просторот, придонесоа тоа да се оддолжи и сега стратегијата ќе дојде во ситуација да биде неприменлива – изјави професорот Науме Мариноски.

И последната стратегија ќе остане мртво слово на хартија,иако главен фокус во истата е уредувањето на просторот и животната средина како главен приоритет поради кој странците не посетат, вели Мариноски.

Меѓутоа на забелешките дека не треба да се урбанизира, треба да одговориме дека урбанизацијата не подразбира високи градби,туку уреденост на просторот.Ние ако не го уредиме просторот ако имаме трништа, стрништа кои ќе го загрозат и Охридското езеро,ние не можеме да имаме некое високо ниво во нашата туристичка понуда – изјави професорот Науме Мариноски.

Големо влијание за вака слабата сезона е и немањето соодветна пормоција на главните карактеристика на туризмот во Македонија. Хотелиерите  и туристичките агенции треба да понудат соодветни туристички аранжмани, посебно на странските пазари,ценат експертите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста