Охрид блесна за Велигден – градот чувар на македонското православие преполн со гости

Со мир во душата и љубов во срцето, да простуваме, да се сакаме и почитуваме – Христос воскресе!Разгласувајќи ја веста за Христовото воскресение,бијат ли бијат- силно одекнаа црковните ѕвона во градот чувар на македонското православие. Велигденски блесок во Центарот на православието.

Тој радосен глас на полноќ, беше најголема тишина која пробуди чувство на спокој кај секој православен христијанин. Претесни Божјите храмови,ги отворија ширум портите за оние кои доаѓаа да запалат свеќа- верниците покрај личните желби, пренесоа и силни пораки.

“Јас ќе посакам за сите благодет, да има љубов,среќа, разбирање,да се сакаме, да ја сакаме Македонија.Таа е наша гордост и татковина; 2. Тешки денови се за Македонија , треба да се бориме и да бидеме силни; 3.Бидејќи сметам дека Охрид е Балканскиот Ерусалим,Охрид е познат по црквите, по славењето на верата и мислам дека е добар град за да се прослави овај христијански празник овде.Ова е посебен празник кој буди многу убави чувства,најпрвин би си посакала здравје, среќа за најблиските и фамилијата;4.Убава среќа за сите ; 5. Како го доживувате Велигден? Како секоја година, радосно,весело, среќно.Да е мир, да е убаво,да има благодет тоа е најважно.

Христијанската љубов дава и заборава – поднесува и простува. До срцето на твојот ближен можеш да дојдеш само со срце.Велигдене вистинска можност целото семејство да се собере на заедничка трпеза. Велигденската софра е најбогата, во чест на Бога се принесува се што е најубаво. Охрид од памтивек негува обичаи поврзани за овој светол ден.

Се приготвувал благ леб или колак со 10-тина до 12 јајца специјално наменет да се однесе кај турците и другите муслимани во Охрид.Тоа е традиција што можеби денес се изгубила,но носењето на велигденски јајца кај муслиманите е традиција што е останата до ден денешен како почитување меѓу народите што живеат тука и националностите во Охид, како еден пример на соживот што е долговековна традиција за градот Охрид”-вели етнологот Оливера Мишева.

На полноќ верниците се крешеа со велигденските јајца, а потоа полека ги напуштаа божјите храмови. Централната богослужба традиционално се одржа на Плаошник во Свети Климентовиот храм,Свети Пантелемон и одтој споменик на верата и убавината кинисаме по тесните калдрмисани сокаци, каде се слушаа само чекорите на верниците.

 Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста