Откако ни ги отворија клубовите реагираше Тупанчески: Ќе се формирала комисија за „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“, како и најавата за „Цар Фердинанд“ и уште 21 нов бугарски културен клуб

Спектакуларно ни го отворија „Ванчо Михајлов“, го добивме Цар Борис трети, ни го најавија и Цар Фердинанд, но во најава се уште 20-тина нови во повеќе градови. По се ова конечно македонските власти, тргнаа да бараат некакво решение за отворањето бугарски културни клубови среде Македонија. Mинистерот за правда Никола Тупанчески најави дека ќе предложел формирање ад-хок меѓуресорско тело, каде ќе разговарале за формирање на овие клубови.

-Денеска ќе се обидам да предложам решение, бајпасирање на состојбите, до донесувањето нов закон за здруженија и фондации. А тоа би значело мој предлог, маргините на мојот предлог би биле да се формира ад-хок меѓуресорско тело, експертско кое што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој што ќе се формираат, или ќе даваат мислење за давање на согласност, изјави Тупанчески.

Ова доаѓа по бурата реакции во јавноста за никнувањето на бугарските културни клубови, како и најавата на Фондација Македонија од Софија, дека ќе се отвораат уште 21 нов клуб во македонски градови и тоа само во текот на следните четири месеци.

-Во моментов има повеќе бугарски здруженија во процес на регистрација во градовите Струга, Прилеп, Битола и Струмица. Организирање на културниот живот на бугарите во Македонија е исклучително важно за зачувување и развој на бугарската култура во Вардарска Македонија. Фондација Македонија планира да го поддржи отворањето на 21 ново бугарско здружение во 17 градови во календарската 2022 година, се вели во извештајот на „Фондација Македонија“.

Претходно министерот за надворешни работи Бујар Османи, дури и порача дека отворањето на клубот не можеме да го сметаме за ширење говор на омраза, дека не сме смееле историските прашања да ги ставаме во тој конктекст.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста