Откако му го укинаа притворот, Рашковски сега бара да му се врати пасошот

Која нова дестинација после Мексико сака да ја посети екс ген сек на владата? Драги Рашкoвски бара Кривичен да му го врати пасошот, единствената мерка која важи во моментов против него е одземени патни исправи, со оглед на тоа дека Апелација прифати со гаранција од 193 илјади евра од се брани од слобода. Додека седи на обвинителна клупа, а и на глава му висат уште неколку обвинувања од Антикорупционерите, Рашковски ги негира сите пораки кои ги чита обвинителството помеѓу него и останатите шестмина обвинети.

Обвинителката Ивана Трајчева на денешното рочиште продолжи да чита ес- ем- ес и вибер преписки помеѓу обвинетите Ирена и Игор Ивановски кои се допишуваат кога и двајцата се хонорарци во Владата.  Според Обвинителството 4 од соработниците на Рашковски добивале хонорар од Илиндеска 2020 и 2021 година а парите му ги враќале на еск ген сек во кеш.

СМС и Вибер пораки помеѓу Ирена Ивановска и Игор Ивановски
13.12.2020
Ирена Ивановска: Рече за ден два. Добри сте инаку.

Игор Ивановски: Знам ама оваа тура нешто каснат. Нека стигне ова пакетот па ќе прајме кафе.
Ирена Ивановска: После среда и нас ни одговара.
Игор Ивановски: Да да. Се надевам дека денеска треба да стигне
Ирена: Се надевам и јас. Ќе стигне.
Игор: Добро утро како сте ако се слушна со Перо и неговата асистентката, нема ништо за 9,10,11 или јас да ја барам асистенстката
Ирена: добри еве на работа, можеш да и се јавиш на Ивана, и кај мене уште нема, биле пратени и за 10.
Игор. Абе перо веќе не  е директор го смениле
Ирена: Го сменија ама ништо не е сменето само фиктивна промена
.

Рашковски и останатите шестмина се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на четири постапки за јавна набавка, и притоа во џеб си ставиле 300 илјади евра. Уште на првото рочиште екс генералниот секретар најави судење режирано како во Холивуд, а парите кои ги имал му биле од родендените и мекици на децата.

Во меѓувреме, Антикорупциската Комисија бара Обвинителството да ги гони Рашковски и Зекири кои ја скусиле државата каса за 2,5 милиони евра за време на нивниот мандат во владиниот секретарјат. Обвинителството вели ди нив се уште нема пристигнато иницијатива, а кога ќе стигне ќе ја разгледаат и ќе бараат докази за отворање на нов предмет со оглед на тоа дека Атикорупционерите апелираат генералните владини секретари да бидат гонети за сите хонорари кои ги исплаќале  во последните 5 години.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста