Отказ за претседателот на синдикатот на скопски „Водовод“, Стојанче Кашиковски

Скандал во Град Скопје, односно во Јавното претпријатие „Водовод“. Претседателот на синдикалната оргамнизација во ова јавно претрпиајтие кое во изминатуот период го бележат еден куп проблеми, добил отказ. Стојанче Кашиковски реагира дека од работа е избркан незаконски и најавува тужба. За неговиот случај алармираше и најголемиот Синдикат во Македонија, ССМ, од каде предупредија дека тој е отпуштен незаконски. В.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски засега молчи.

Претседателот на Синдикатот од скопски „Водовод“ Стојанче Кашиковски избркан од работа пред најавен штрајк, откако ова јавно претрпиајтие во изминатиот период се соочува со еден куп проблеми. Кашиковски реагира дека бил отпуштен незаконски и најавува тужба до директорот Марјанче Митовски, кој го потпишал отказот.

Од Сојузот на синдикати реагираат дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се однесувала дикатоторски и најавија дека ќе бараат одговорност.

  • Согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот, реагираат од ССМ.

Алфа побара став од в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски, кој барем денеска, не беше расположен за коментар.

Директорот на скопски Водовод и денеска остана недостапен за медиумите. Од таму ни кажаа дека бил на состанок, и не бил расположен за било каква изјава.

Синдикатот бара итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста