Осуммината најтешко болни го дочекаа лекот за цистична фиброза

Задоцнето и во мал број. Само осум пациенти го добија долгоочекуваниот лек за цистична фиброза- трикафта. Од осуммината седум се возрасни, над 18 години и едно е дете. Директорката  на детската Клиника најави дека ќе направат напор во скоро време да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти, оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.Но дали останатите ќе останат на цедило?

Од утрово веќе ги примаме пациентите кои треба да почнат терапија. На Клиниката примаме околу шестмина пациенти, а два пациента ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Двајца од пациентите се во навистина критична состојба, тие ќе се лекуваат на Клиниката за пулмологија. Ефектот од терапијата е неизвесен, но ќе се обидеме да им ја подобриме состојбата со белодробната болест“ – рече директорката Нацева-Фуштиќ.

Од Асоцијацијата за цистична фиброза се оптимисти дека здравствените власти наскоро ќе обезбедат трикафта и за останатите болни од цистична фиброза.

45 годишниот Благојче Илиевски не го дочека лекот трикафта. Најтешко болниот пациент од цистична фиброза, почина пред еден месец откако три години чекаше да го добие лекот кој власта ветуваше дека ќе го набави. По неколку години чекања и лажни ветувања Илиевски ја загуби битката со болеста додека македоските власти бараа начин како директно да го набават лекот за да заштедат на трговска маржа.

Инаку, во земјава има околу 140 пациенти од сите возрасти со цистична фиброза, на кои лековите живот им значат.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста