Основните производи од денеска со „одмрзнати“ цени, граѓаните во грч од ново поскапување на артиклите

Нов ценовен шок или конечно стабилизирање на пазарот со храна?! Антикризните мерки завршија, со што се засили грчот кај граѓаните од евентуално ново зголемување на цените на прозиводите. Од денеска не важи владината одлука со која беа замрзнати цените на лебот, брашното, маслото, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи, а владини претставници уверуваа дека не очекуваат нови поскапувања. сепак потрошувачите веќе не веруваат во ништо.

Пред камерата на Алфа се пожалија дека ништо нее евтино, а со укинување на мерката, која беше на сила само два месеца, можно цените на дел од производите да заминат до плафон.

  • Од скапо по скапо, ова е катастрофа, па сега со ова одмрзнување што ќе има, мислам дека уште поскапо ќе биде, од денеска стартува, реагираат граѓаните.

Алфа направи обиколка во дел од поголемите маркети, каде, можеше да се види дека цените се исти како и претходно, но тоа е така зашто  фитмите се уште имаат залихи на производите.

Па така краставиците и пиперките и натаму се продаваат по околу 100 денари, доматите исто така одат за околу 100, морковите по 80 денари, а грав нема ни за лек, освен на пазар каде се продава за  над 300 денари за килограм.

Наспроти ова, министерот за економија вели смирува, но не гарантира дека одмрзнатите цени нема се зголемат.

  • Во однос на цените на производите, утврдено е дека речиси сите се намалени со владините мерки. Да, тие нема да важат. Ако одредена компанија, одреден сектор, вештачки ќе се обиде да ги зголеми цените, институциите ќе влезат во функција и нема тоа да биде дозволено. Имавме разговори, каде што тие кажале дека за одредени производи ќе има и намалување, изјави денеска  Бектеши.

Тој информира дека не се планирани посебни мерки, но рече дека ќе се следи спроведувањето  на законите.

Нови мерки за сега нема додава Бектеши, и останува да контролира само инспекцијата.

  • Не предвидуваме никакви мерки, само ќе важат сите одредби од Законот за пазарна инспекција, УЈП и Финансиска полиција, како и Законот за заштита на потрошувачите. Инспекциите мора да ги вршат контролите согласно тоа што е донесено како одлука од страна на Владата, рече Бектеши.

Во меѓу време, деновиве, дел од производите, како гравот, го снема од рафтовите на маркетите, најверојтано поради очекување дека од денеска ќе им стават нова, повисока цена, па така да направат дополнителен ќар.

Инаку, од Народната банка прогнозираат дека инфлацијата годинава ќе забави и ќе биде едноцифрена, односно ќе падне под 9%, но и натаму ќе остане висока.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста