Османи тврди дека македонскиот јазик е зачуван, но не го открива протоколот

Минитерството за надворешни работи молчи за протоколот кој треба да го потпишат македонската и бугарската страна за да се тргне блокадата согласно Францускиот предлог. Ниту на денешниот брифинг, шефот на дипломатијата, не образложи што точно ќе стои во протоколот, доколку Македонија официјално каже ДА за решението од Париз. Османи ги отфрли како шпекулации, сите изјави и ставови во јавноста и експертската фела дека се заканува национално предавство доколку на овој начин Бугарија се откаже од ветото. Тој убедува дека протоколот не е дел од преговарачката рамка, а најважно според него е признавањето на македонскиот јазик како официјален јазик на Македонија.

Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР. 

Потенцирајќи ги позитивните страни на францускиот предлог, Османи го спореди со претходниот предлог за надминување на спорот, на Европската Комисија. Вели дека и таму биле вклучени двата договори, оној со Грција и оној со Бугарија. Сепак, она што предизвикува сомнежи за блокади и откако ќе се отвори преговарачкиот процес, е членот 12 од Договорот за добрососедство кој предвидува, годишни извештаи за сите мерки кои ги презела Македонија за подобрување на билатералните односи.

Во отсуство на транспарентност на македонската влада, некои медиуми веќе објавија нацрт текст од протоколот како превод на она што се објавува во Бугарија. Па така Дојче Веле објавува дека во протоколот сепак се зборува за „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“ кој е клучен во Договорот за добрососедство кој е дел од францускиот предлог.

Во документот јасно се наведува што се треба да се направи и до кога во делот на работењето на историската комисија, измените во образованието, промените на обележјата на спомениците, вклучително и оној на Цар Самуил, за кој се планира тоа да го направа свеченио владите на двете држави…Според протоколот јасно е утврдено дека македонската власт потпишала дека ќе се санкционира и гони говорот на омраза, дури и на социјални мрежи што ќе го контролираат и бугарските институции. Има и патоказ до кога и кои учебници треба да се сменат, не само по историја, туку и по географија. Дури и да има извинување за жртвите на поранешниот комунистички режим и отворање на досиејата…Се со предзнакот за охрабрување, но со јасно утврдени временски термимни. Македонија ќе треба и да се извини, како што стои во протоколот, на жртвите на репресијата од југословенскиот, комунистички режим.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста