Османи: Сторнирана е погрешно-издадената испратница, не ви се целосни информациите

Директорот за економски и финансиски работи во Македонски железници – транспорт, Шенур Османи, се правда – тврди дека испратниците кои ги објави ТВ Алфа а во кои се гледа дека во разлика од само неколку минути точел бензин и дизел во ист автомобил не биле целосни. Достави уште една испратница која покажува дека претходната била сторнирана и поништена бидијќи била погрешно издадена.

„Сторнирана е погрешно издадената испратница… и на крај е дадена вистинската испратница… Вашиот ‘доставувач’ на информацијата очигледно заборавил еден документ… Тенденциозно и злонамерно е поради фактот што новинарот ниту се јавил на мене, ниту на било кого во фирмата за да ја чуе мојата/нашата вистина околу изнесените информации“ – пишува во демантот од Османи.

Сепак, ТВ Алфа почитувајќи ги сите новинарски стандарди се обиде да стапи во контакт со него, и преку телефон и преку електронска пошта за што сведочат дневникот за повици и испратените пораки.

Инаку испратниците до кои дојде ТВ Алфа покажуваат дека директорот на 28.09.2020та година во 14 часот и 4 минути наполнил 42 литри дизел, за една минута подоцна, во 14 часот и 5 минути, во истото службено возило да наполни 55 литри бензин.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста