Османи со отчет: Во последен момент со францускиот предлог ја извлекле државата од балканскиот вртлог

Во последен момент Македонија била спасена од балканскиот вртлог. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, смета дека францускиот предлог е добар и тоа ќе го покаже времето, иако мислењата се поделени. Давајќи отчет на половина од мандатот, Османи како успех ги наведе продлабочените односи со Грција, унапредените односи со Србија и Албанија со „Отворен Балкан“ и билатералните договори со Косово. За Османи достигнување е и решениот спор со црквата,  и чествување на Илинден во манастирот Прохор Пчински.

  • Тоа што сметам дека е најважно е дојдовме до ситуација, Владата на Бугарија да ја поништи озлогласената рамковна позиција на Бугарија по однос на европските перспективи, што беше озлогласена не само по однос на тонот и навредливоста, туку имаше и одредени цели односно навреди во тој процес“, рече Османи.

Но која е реалноста? Македонија за да ги продолжи евроинтеграциите повторно е условена со уставни измени за кои нема поддршка, бугаризацијата интензивно се спроведува, а одговор на тоа е институционален молк. Историјата на Македонија и Македонците ја диктираат бугарските историчари, а не ретко македонскиот јазик е јазик на „Северномакедонците“. А и кратенката „МКД“ ја изгубивме, последно во Советот на Европа. Таму нашата земја е со кратенката „НМК“. Османи за ова допрва ќе се запознава бидејќи не знае, или така тврди.

  • Не смееме да отвориме прашања кои се затворени. Кодот на Република Северна Македонија е МКД и МК. Неформалните распоредувања на местата на седење на столчиња, дали ќе биде според првата буква или, дали ќе седите до Норвешка или Монтенегро(Црна Гора), е прашање кое што не е формално и не е уредено со никакви регулативи. – Кратенката НМК е пред Советот, односно на влезот на Советот, сликата ни е од утрово. – Ќе провериме, официјалната кратенка е МКД и само таква може да биде- тврди Османи.

Османи допрва ќе се го слушне и гласот на Македонците во Албанија. За обидите на бугаризација говори и обидот на источниот сосед на сите можни начини да изврши тивка асимилација на македонското малцинство во Албанија, а Македонците се уценети да се попишат како Бугари на претстојниот попис, со нив Османи ќе разговара утре. 

  • Утре ќе ги посетам и Пустец, и новиот граничен премин, Џаепиште-Требиште, во кое исто така живее македонска национално малцинство во Албанија, во договор со нашите таму, ќе ги посетам општината и училиштетето. Ќе имам разговори со нив таму во текот на целиот утрешен ден и ќе видиме што можеме да преземе со Република Албанија – рече Османи.

Последното од низата провокации кои доаѓаат од источниот сосед е статусот на европратеникот Џамбаски, кои напиша дека Деве Баир е вештачка граница која дели ист народ. Османи тврди дека мислел на 3.000 Бугари кои живеат во Македонија, и тоа за министерот е во ред, но и дека самиот Џамбаски треба да каже на што мислел. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста