Османи: Клубот „Ванчо Михајлов’ нема да влезе под „говор на омраза“ и да се третира со Протоколот

Отварање на клуб со име на познат соработник на фашистите не било говор на омраза. Според македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи отворањето на контроверзниот културен клуб „Ванчо Михајов“ во Битола од страна на Бугарија не ги навредува чувствата на Македонците, а негово име у улога за време на втората светска војна било само различна историска интерпретација. Според историските факти, и тоа не само македонските, Ванчи Михајлов бил контроверзна историска фигура, соработник на нацистите и нарачател на убиства на бројни македонски дејци за слобода на земјата. Постоењето на клубот нема да се разгледува на Историската комисија и нема да влезе во некој си иден Протокол меѓу Македонија и Бугарија.

„Тоа би било погрешен пристап, затоа што различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под „говор на омраза“. Под говор на омраза, јасно кажува нашето законодавство што е – омаловажување поради карактеристики на човек и припадност во група и мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации, тогаш мислам дека отвораме поле на нови ризици“ – вели Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Контроверзниот бугарски културен клуб беше отворен во средината на април годинава под силно полициско обезбедување во присуство на тогашниот бугарски премиер Кирил Петков, без ниту еден официјален претставник од македонска страна. На отворањето му претходеше протест од страна на Битолскиот Сојуз на борците. И покрај свирежите и транспарентите, Петков го отвори клубот најавувајќи дека со вакви заеднички активности ќе се негуваат добрососедските односи меѓу двете земји. Неговиот колега, Ковачевски, пак по неколку дена кажа дека бил разочаран и незадоволен што се отворил клуб под вакво име, но сè остана на тоа. Клубот продолжи да дејствува и натаму ширејќи бугарска пропаганда, се до јуни кога вратата беше опожарена. Се најде и виновникот, познатиот пејач Ламбе Алабаковски, за некој деликвент, но за многумина симбол на македонското незадоволство од бугарската политика на асимилација. Бугарските власти го оценија овој потег како дел од големата антибугарска кампања која, според нив, се води во Македонија.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста