Бујар Османи – министер за надворешни работи на Македонија или странски медијатор во спорот меѓу Софија и Скопје?

Министер за надворешни работи или странски медијатор во спорот меѓу Македонија и Бугарија? Скандалозен настап на Бујар Османи за Бугарската телевизија БТВ. Тој во одговорите на прашањата на бугарскиот новинар, не ги застапуваше интересите на државата, туку се однесуваше како де е само олеснувач во спорот. Па така, наместо како министер да го осуди користењето на фашистички имиња по клубовите, тој се обраќа во трето лице, најавувајќи дека ќе ги викнел Бугарите на средба за да заедно ја разберат чувствителноста на македонскиот народ.

  • „Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница. Ова го велам како некој кој поминал низ слични тешкотии во обединувањето и интеграцијата на заедницата.“ – Изјави Османи.

Клубовите ќе морале да ги сменат имињата, не затоа што тој се согласувал со тоа, туку затоа што така изгласало Собранието. Османи, се пожали дека до неодамна, како припадник на малцинска група, бил дискриминиран во Македонија, а и тогаш не сме го признавале тоа, и затоа сега се сметал за најповикан да им помогне на Бугарите во Македонија да се обединат и интегрираат во општеството. Отиде до таму, што дури и ги охрабрува да отвораат повеќе клубови.

  • „Бугарската заедница во Северна Македонија е во период на консолидација, прикажување и интеграција во општеството. Со оглед на фактот дека и јас потекнувам од малцинска група, која на почетокот исто така имаше проблеми со нејзиното обединување и интеграција, се чувствувам најсилно повикан да ја советувам бугарската заедница дека овој процес треба да го направиме внимателно, без да предизвикаме негативни чувства кај останатите дека има некаква злоба во какви било иницијативи. Ја охрабруваме бугарската заедница да се обедини во клубови, да отвори повеќе клубови.“ – Додаде Османи.

За случајот со Охриѓанецот Христијан Пендиков, Османи, кој е инаку министер во владата на Македонија, не го интересирало што вели истрагата или тоа дека напаѓачите тврделе дека мотивот за нападот бил сосема друг, туку доволно било тоа што мајка му се пожалила дека бил натепан оти е Бугарин и затоа отишол да го посети.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста