Османи индиректно објави дека уставните измени за внесување на Бугарите се веќе напишани

Уставните измени за внесување на бугарите во Уставот, по се изгледа веќе и се напишани, барем така може да се протолкува вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Османи кој рече дека кога се ги видела јавноста амандманите ќе била многу порелаксирана заради нивната содржина.

Верувајте, кога ќе се објават предлозите, кога ќе ги прочитаат формулациите, толку многу ќе се растеретат, кога ќе видат дека се работи само за технички работи, кога ќе видат дека Бугарите и сега ги има во Уставот, ќе треба само да ги именуваме со име, јас мислам дека ќе рефлектораат сите, дури и тие што се против!” вели Османи.

Судејќи по изјавата на Османи, штом аманданите веќе се ставени на хартија, повикот на власта за опозицијата да ги пишувала аманданите, како и најавуваната јавна дебата со експерти се само маска за замајување на јавноста дека демократски ќе се истера процесот за внесување на бугарите, нешто што е спротивно на вољата на македонскиот народот.

Пред само два дена вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, рече дека деновиве ќе објавеле кои имиња ќе ги поканат во експертската група за уставните измени. Ќе испрателе и писма до сите политички партии во Собранието да номинираат експерти или личности на кои им веруваат да бидат во таа комисија, па рече дури и Владата била  подготвена опозицијата да ги формулира уставните амандмани. Кого ќе канат и зошто кога според изјавата на Османи се чини дека аманданите веќе се подготвени.

За уставните измени и неможноста за нивно изгласување во Собранието, се огласи и вицепремиерот Груби, кој вели дека работеле сите пратеници да ги поддржат измените кој ги бара Софија.

Ние работиме цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија тогаш ќе се придружи на уставните измени“, рече Груби.

Иако Груби е оптимист дека уставните измени ќе се реализираат, не се знае се уште како особено ако се земе предвид тврдиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека овој парламентарен состав нема мандат за отоврање на Уставот.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста