Османи: Владата сама може да каже ДА за францускиот предлог, не мора да го праша Собранието

Дали Бујар Османи најави дека власта ќе ги заобиколи народните избраници и ќе го прифати новиот француски предлог? Министерот за надворешни работи, порача дека Владата немала обврска да го праша Собранието, туку можела самата да одлучи и да ја извести Европската унија дека кажува да.

А ни објасни и дека не им требало двотретинско мнозинство, туку само просто, односно да гласаат половина плус еден од присутните во Собранието. На пример ако има 90 пратеници, доколку 46 гласаат ЗА, тогаш Македонија го прифаќа овој предлог.

Ова е новиот момент од брифингот со претставниците на медиумите, каде денеска премиерот Димитар Ковачевски, Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ претставуваа победа за Македонија. Првиот човек на македонската дипломатија не директно, меѓутоа ова го наговести и на пресот пред брифингот.

-Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас веднаш можам да организирам меѓувладина средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Европската унија, Советот на Европската унија ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој француски предлог, изјави Османи.

Објаснувајќи на брифингот колку сме добиле сепак ни порачаа дека покрај договорот за добрососедство, услов за напредок кон Европската Унија сега ни станува и договорот со Грција.

-Денес Република Грција е нашиот најголем поддржувач за членство во Европската Унија затоа доброседските односи се врвен приоритет при зачленувањето во Европската унија, изјави Ковачевски.

Останува да видиме дали власта ќе го спроведе ова сценарио на Османи, или пак она на премиерот Димитар Ковачевски, дека предлогот сепак ќе биде пуштен во законодавниот дом.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста