Османи: Ако не се остварат уставните измени се отвора можност за руско влијание

Ако не се спроведат уставните измени кои ги бара Бугарија, Македонија ќе падне под Руско влијание. – Тврди првиот дипломат, Бујар Османи, во интервју за гласот на америка на албански јазик. Тој додава дека руската федерација е еден од факторите на кои им е од интерес да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. За тоа да не се случи, Османи смета дека уставните измени биле единствено решение.

  • „Дури и во Северна Македонија, континуираните кризи што ги имавме беа само можности за такво влијание. Дури и оваа последна криза, ако може да се случи со блокирање на преговорите ако не се постигнат уставните измени (за воведување на бугарското малцинство), со оваа криза во односите со Бугарија, тоа може да биде само можност за такво влијание. и во Северна Македонија“ – Истакна Османи во интервјуто.

Османи форсира за уставни измени и изразува подготвеност за засилен дијалог со Софија за решавање на отворените прашања. Неговиот став за Русија е безмалку синхронизиран со оној на Бојко Борисов кој вчера изјави дека имало активни обиди за враќање на Македонија под Руско влијание.

Во низата на идентични ставови и тези се приклучи и известувачот за Македонија во европскиот парламент, бугарскиот евро-пратеник, Илхан Ќучук. Тој за бугарската телевизија БТВ вели дека се додека не се признаат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, а тоа им одговарало само на трети фактори кои не сакале Бугарија и Македонија да бидат во добри односи.

  • „Тоа се оние луѓе кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ“ – Изјави евро-пратеникот Ќучук.

Тој додава дека последната ескалација помеѓу Бугарија и Македонија е добредојдена за трети фактори кои што кај нас гледаат шанса за траен конфликт. Иако европратеникот не ги именуваше кои се тие трети фактори, тоа го направи Османи, кој го впери прстот во Руската Федерација, а претходно и претседателот Пендаровски, кој по советот за безбедност ги обвини руските тајни служби за влошените односи помеѓу Бугарија и Македонија. Иако засега е нејасно, како земја членка на НАТО, би можела да падне под руско влијание.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста