Освен на државно ниво, и македонските општини се само-организираат да испратат помош за Турција и Сирија

Освен државата и општините ја покажуваат својата хуманост и солидарност на дело. По апелот на претседателот на ЗЕЛС да помогнат со финансиски средства, експресно одговорија и градоначалниците. На вонредни седници што ќе се одржат неделава Советите ќе треба да донесат одлуки за доделување на еднократна помош за Турција. Кисела Вода од својот буџет ќе обезбеди 500.000денари.  Парични средства ќе испратат и од Карбинци, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола. Во текот на утрешниот ден за висината на  помошта ќе одлучуваат и советниците во Аеродром и Штип.

„Во текот на утрешниот ден одлуката ќе ја донесат советниците. Треба да се земе во предвид дека станува збор за колективна одлука за која ќе треба да гласаат советниците од сите политички партии„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

(Утринава во првиот спасувачки конвој заминаа и тим од рудари од Пробиштип? )Во меѓувреме петмина пожарникари од Штип кои имат поминато специјална обука за спасување од под рушевини се подготвуваат да заминат со вториот конвој.

  „Во наредните неколку денови ќе се формира втора група на пожарникари и спасувачи коишто ќе заминат за Турција. Очекувам во наредните неколку денови да се испрати тимот од Штип, за да помогнат на настраданите„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Од Општина Штип најавија дека  во план се да бидат поставени и  пунктови кадешто граѓаните на дело ќе може да ја покажат својата хуманост и да донираат  работи кои ќе бидат од голема корист на настраданите во Турција.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста