Оризарите вријат, не постигнаа повисока цена за арпата: Излегуваат на блокади на патиштата на 11 октомври  

Нови протести и блокади на патиштата најавуваат оризопроизводителите од кочанско. На  11 октомври излегуват на масовен протест . На овој чекор се одлучија откако, како што велат, преговорите за повисока откупна цена на оризовата арпа не го дале за нив очекуваниот резултат. Ориозопроизводителите велат дека нема абер ниту од исплатата на интервентната мерка, како и откуп на ориз за стоковите резерви.

   “Ние од патот не се тргаме! Ги поминаа сите граници. Ваква неодговорност нема покажано ниту една Влада досега. Во овие пет години земјоделието е целосно уништено. Не е само оризопреоизводството, овде е пченицата, полјоделство, млекото“- изјави Здравко Арсов, од Иницијативниот одбор.

Пунктовите се уште официјално не се отворени, но се шпекулира дека оризовата арпа ќе се откупува од 22 до 25 денари. Земјоделците прашуваат како да преживеат и покрај тоа што има утврдена производна цена во висина од 27денари по килограм арпа.

Како да му го дадам по 24денари? Како може да се качуваат цените на другите продукти, а ова да остане така? – прашува Здравко Донев, оризопроизводител од с.Спанчево.

Се уште се тактизира и се преговара за цена роковите се промашаени и тоа нас многу ќе не чини„-изјави Стојче Ташовски.

Последен пат оризопроизводителите протрестираа минатиот месец. Тогаш за да се смират страстите и прекинат блокадите  се одржаа неколку состаноци, кои очигледно завршија без конкретна помош  за земјоделците .

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста