Орбан: На Европската Унија и треба нова стратегија во однос на војната во Украина

На Европската Унија и треба нова стратегија за војната бидејќи санкциите против Москва не функционираат. Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати порака дека е крајно време да се промени курсот кон решавање на војната во Украина и да се примени нова ефикасна стратегија. На голем собир во Романија, каде беше тој во официјална посета Орбан порача дека е потребна нова стратегија
Таа нова стратегија треба да се фокусира на мировни разговори и постигнување добар мировен предлог, место на победа во војната “, рече Орбан
Унгарскиот Премиер смета дека Украина не моќе да ја победи далеку помоќната руска војска и дека не постои шанса за мировни разговори.
Бидејќи Русија бара безбедносни гаранции, војната може да заврши само со фоговор Русија – САД “ , кажа Орбан.
Според него, западната стратегија за Украина се потпира на четири столба : Дека Украина може да ја добие војната со НАТО оружја, дека санциите ќе ја ослабат Русија и дека тие ќе ја погодат Русија повеќе од Европа и дека светот ќе застане зад
Гледаме дека оваа стратегија не успеа и дека Владите во Европа паѓаат како домино, а цените на енергијата растат. Седиме во автомобил на кој сите четири гуми се дупнати“.
Орбан повтори дека Унгарија нема да се меша во војната во соседната Украина и дека нема да поддржи европски ембарга и ограничувања на увозот на рускиот гас зашто тоа би ја поткопало унгарската економија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста