Општина Штип сама ќе го финансира Макфест, откако и овој пат доби само 400 илјади денари од Министерството за култура

Доделените средства за Макфест се срам и некултура за Министерството за култура, порача градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, откако  ресорното министерство во годишната програма одвои 400.000 денари за финансирање на единствениот фестивал за забавни мелодии во државата. Од Општината се децидни дека и овој пат парите нема да ги прифатат, а фестивалот сами ќе го организираат.

„И оваа година Општина Штип достоинствено, онака како што доликува на единствениот фестивал на забавни мелодии„Макфест ќе го целосно финансира и организира фестивалот. Нека си ги чуваат овие пари за партиски послушници„-порача штипскиот градоначалник, Јорданов.

Во годинешната програма на Министерството за култура за манифестации и настани се одвоени 76 0милиони денари. Според Јорданов, доделените суми за одредени проекти  само укажуваат дека народните пари се делат селективно.

За продуцентот Мирко Попов се одвоени повеќе од 1милион денари, за Шкупи фест исто над 1милион, а за Макфест симболични 400.000денари„ изјави Јорданов

За организирање на фестивалот ќе бидат потребни околу 6 милиони денари. Дел ќе ги обезбеди општината, а остатокот бизнис сектор. Минатата година фестивалот доби исто 400.000 денари поради тоа што нема полн оркестарки капацитет и проектот е бодуван во трета категорија. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста