Општина Охрид изготви план за управување со крајбрежјето

За да не ја дочека Охрид трета година по ред туристичката сезона без уредни плажи, бидејќи надлежнитенадлежните институции 5 години не ги понудија плажите под коцесија, нити го изготвија планот за управување со охридското крајбрежје, локалната власт донесе одлука-на 11 плажи да се постави урбана опрема,односно шанкови од природни матерјали.Во езерските води нема да има платформи или било какви други градежни конструкции. Тие плажи беа оставени сами на себе и претставуваа опасност бидејќи се распаќаа, а јас како градоначалник не можам да дозволам повеќе да нема уредување на плажите-вели Пецаков,гневен затоа што државата не успеа пола деценија да го донесе планот за управување со охридското крајбрежје.

 Иначе да потсетиме таа задача беше на државата односно на Агенцијата за просторно планирање заедно со транспорт и врски и крајниот рок беше декември 2021 година.Ако чекам јас уште 5 години да има неуредени плажи, тогаш сум неодговорен градоначалник на Охрид-вели Пецаков.

Во меѓувреме сеуште течат судските постапки на поранешнитеконценсинери кои стопанисуваа со плажите наатрактивни ликации на потегот од Студенчишта до Канео,а кои беа срушени од страна на преходната локалана власт.

Плажите беа искористени само како шминка да се прикаже дека нешто се работи во врска со зачувувањето на статусот на Охрид.Ние иако сме ги гледале и препораките за Унеско апсолутно не сме виделе ни еден документ според кој плажите имаат негативен импакт на биодиверзитетот на Охридското езеро”-вели адвокатот Игор Кичеец

Инаку поставувањето на урбаната опрема на 11 локации на крајбрежјето ќе оди по пат на јавно наддавње.Заинтересираните кои ќе сакаат во период од 3 години да управуваат со урбаната опрема ќе треба да платат минимум 11.000 евра, бидејќи тоа е почетна цена на јавнот наддавање,барем која станува збор за најатрактивните локации. 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста