Опозицијата во Црна Гора слави победа

Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) објави прелиминарни резултати врз основа на 98,55 од обработените резултати, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,12, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите.

Коалицијата „Мирот е наша нација“ освои 12,55 проценти, „Црно на бело“ 5,57, Социјалдемократите 4,09, Бошњачката партија 3,81, СДП – Силна Црна Гора 3,14, Албанската листа 1,61 и Албанската коалиција Едногласно 1,16 проценти.

Хрватската граѓанска иницијатива освоила 0,27 проценти, а Хрватската реформска партија 0,13 проценти од гласовите и според овие резултати на ДИК, тие не го поминаа цензусот.

Гласале 76,68 проценти од регистрираните избирачи, од кои 403.642 се важечки гласачки ливчиња.

Вчерашните парламентарни избори во Црна Гора беа единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата и петти по прогласувањето на независност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста