Омилената фирма на ДУИ пак на терен: „Арберија Дизајн“ ја организираше и денешната свеченост во Прилеп

Фирмата „Арберија Дизајн“ се појави и денеска во Прилеп за да ја собере бината од свечената церемонија на која се означи поставувањето камен-темелник за Коридорот 10 Д.

Оваа фирма беше дел и од организацијата на свеченоста за почеток на изградба на автопат од Коридорот 8 која се одржа на 4-ти април во Тетово. „Арберија Дизајн“ ја немаше на електронскиот систем за јавни набавки како добитник на тендер за организација на настанот на патарината кај тетово, а ја нема ниту сега.

Лани во август оваа фирма ја организираше прославата за годишнината од Рамковниот договор за 80 илјади евра. Јавната набавка ја спроведе Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби од ДУИ.

Компанијата лани ја организираше и прославата за денот на албанската азбука за речиси 60 илјади евра и е еден од најчестите добавувачи на Министерството за образование, пред сè, во печатењето книги и друг училиштен материјал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста