Од 2017 до 2021 година САД потрошиле цели 67 милиони долари за да и помогнат на демократијата во Македонија

За само пет години Соединетите Држави во Македонија вложиле над 67 милиони долари, пари на американските даночни обврзници, за јакнење на граѓанските организации и други субјекти, за владеењето на правото, медиумите, кибернетската безбедност и слични програми со кои треба да се зајакнат демократските институции и процеси во земјава.

Според извештајот кој го објавија американските ревизори, парите се инвестирани преку Стејт Департментот како дел од таканаречен „Фонд за спротивставување на руското влијание“, но не е наведено во кои организации и институции завршиле овие 67 милиони долари.

Под наслов „Фонд за спротивставување на руското влијание“, Американскиот стејт департмент вели целта била да им помогне на земјите „ранливи на влијание и агресија од страна на Руската Федерација кои немаат економски капацитети за ефективно да одговорат“.

  • „Целта на Фондот е обезбедување странска помош за земјите ранливи на влијание и агресија од Руската Федерација кои немаат економски способности за ефикасно да одговорат. Помошта се обезбедува за членките на НАТО и ЕУ, како и за земјоте кандидатки како Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Србија и Украина“, се вели во извештајот.

Американската амабасада во Скопје во повеќе наврати алармираше дека не е задоволна со напредокот на земјава со оглед на големите пари кои ги вложува во јакнење на системот и институциите.

Таква директна порака ни испрати заменик шефот на мисијата на САД, Ерик Мејер кој побара резултати од 10- те милиони долари инвестирани во правосудкиот систем.

  • Како што реков, САД слуша и особено очекуваме резултати со 10-те милиони долари кои што ги вложивме во судството во Македонија до ден денеска, од блиску го следиме она на што се обврзавте и дали ги исполнивте обврските. Она што беше што ани беше усвоено треба да не доближи поблиску до пристапот во ЕУ и особено за вашите граѓани и општата безбедност во светот“, рече Мејер.

Дека корупцијата е еден од најголемите проблеми во Македонија за кои се вложуваат и најмногу странски пари говореше и американската амбасадорка Ангела Аѓелер но и редица други амбасадори во земјава. Надлежните и покрај сите острите критики од сите страни уверуваат дека се работело на борбата против корупцијата.

Инаку преку американскиот „Фонд за спротивставување на руското влијание“ од 2017-та до 2021-та биле вложени над една милијарда долари. Најмногу пари добила Молдавија, речиси 100 милиони, потоа Босна над 80, Латвија 73, па Македонија над 67 милиони долари. За Косово имало над 61 милион, за Србија над 55, за Бугарија 47, Словенија 40, Албанија 39, а за Хрватска само 11 милиони американски долари. Грција пак добила нешто помалку од 700 илјади долари.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста