Од утре стартува најстарата културна манифестација во Истокот

Со концерт на хорот „Света Злата Мегленска“ стартува најстарата културна манифестација во Истокот. Свеченото отварање е закажано за утре во дворот на црквата „Успение на пресвета Богородица„ во штипско Ново Село. Во наредите период предвидени се да се одржат промоции на книги,ликовни изложби и многу концерти кои ќе ги задоволат и најистенчените уметнички вкусови.

„Во борба секогаш биле два концепти. Едниот е да има содржини кои ќе го одбележат локалниот карактер и она што како продукција и музичка култура се негува на нашиот простор , а другиот е да донесеме содржини кои во други случаи многу тешко би можеле да ги реализираме, бидејќи изискуват посебни средства„-изјави Кирил Панајотов, советник за култура во Општина Штип.  

И годинава, покровител на манифестацијата е Општина Штип.

 „Општината од својот буџет за реализација на вкупната манифестација на ШКЛ оваа година ќе издвои половина милион денари„-Изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Во изминатите четири децении на сцената на Штипско културно лето имат продефилирано над 1500уметници од државата и странство. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста