Од утре одмрзнување на цените – Граѓаните стравуваат од нови ценовни шокови

Утре одмрзнуваат цените на основните производи. Владината мерка истекува, два месеци откако беше донсена како обид да се заузда галопирачката инфлација и намалената куповна моќ на граѓаните.

Земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните проиозводи, како и хигиенските производи, како пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и влошките од утре ќе чинат онолку колку што ќе одлучат трговците. Дел од граѓаните стравуваат дека им следи нов ценовен шок.

Додека траеше мерката, дел од трговците се соочија со огромни казни зашто не реагирале навреме, а дел од нив дури и ставија клуч на врата. Реакциите во јавноста за замрзнувањето на цените беа поделени.
Мерките за замрзнување на цените многумина ги поздравија, дел порачаа дека се задоцнети но имаше и критики. Критики дека со нив се нарушува слободниот пазар.

Од Владата со утешителни пораки. Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера порача оти нивните пресметки кажувале дека цените нема да пораснат, туку напротив, имало простор и да се намалат. Вели дека ќе продолжеле со контроли и ќе ја следеле ситуацијата.

Анализите на Народната банка покажуваат дека годинава инфлацијата ќе бележи забавување и ќе се сведе на едноцифрено број, односно ќе се движи од од 8 до 9 проценти но и натаму ќе остане многу висока.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста