Од утре до 10-ти јуни треба да се поднесат документите за штетата од невремето во Лозово

Од утре земјоделците од Лозово кои претрпеа штети од невремето, ќе може да поднесуваат барања за обештетување. Потребната документација ќе треба да ја поднесат најдоцна до десетти наредниот месец.  Општински комисии се веќе формирани, а по завршувњето на рокот, ќе излезат на терен за да ја увидат фактичката состојба. Министерот за земјоделие  вети дека обештетувањето на земјоделците од државниот буџет ќе биде приоритет. Силното невреме направи сериозни штети, а последиците ќе се чувствуваат и наредните години, објаснуваат земјоделците….

Последици ќе трпиме две-три години. Кога ќе фати сонцето доколку не се напрска еден дел од растението ќе зарасне , а друготиот дел ќе трпи штети и во наредните години. Дел од приносите ќе бидат намелени„-изјави Горан Велков, земјоделец од Лозово

Летните бури се вистинска главоболка за земјоделците, посебно за оние кои не ги осигуруваат своите посеви. Статистиката говори дека само лани над 3800 земјоделци купиле полиси . Ниту владините субвенции не успеваат да ја сменат навиката. Недореченостите во правилата за осигурување, како и тешката наплата на штетите  се причина за слабиот интерес..

„Втора причина зашто ги избегнуваат осигурувањата е високата премија која се плаќа . Кај основното осигурување постои една недореченост, каде кога вие осигурувате  другата страна која треба да ни биде партнер секогаш се обидува да има недоречеости во тоа што осигурувате, а ако се случи некоја непогода тогаш има друго значење тумачењето на осигурувањето„-изјави Младен Митев, сопственик на фабрика за производство и преработка на овошје.

Наскоро осигурувањето на земјоделските посеви ќе биде задолжително

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста