Од скандал во скандал – Талат Џафери за власта е најдобриот претседател на Собранието до сега

Кулмунираа „воспитните методи“ на Талат Џафери. Несекојдневните начини на воспоставување ред во Парламентот не се новина за него-  заклучувањето на пратениците за да ги преброи се случува само две недели откако на крајно недоличен начин се обрати кон вработените во парламентот.

-Сите од служба, конкретно седници, веднаш кај мене. Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден. Вие што сте на плата и уште си е*авате мајката овде. Ајде бегај, бегај таму, бегај! Сус бре, да ти е*ам! Што бараш ти овде? Бегај таму излези, порачa Џафери.

Последното однесување и не е толку големо изненадување со оглед на тоа дека во многу наврати во минатото го гледавме како влегува во конфликти со пратеници и одбира дрзок начин на обраќање. Неколку пати држеше лекции по „бон-тон“ во Парламентот.

Талат Џафери не само што „ги воспитува“ пратениците туку е и вистински шеф на   собраниската говорница откако стана собраниски спикер.  Во досегашниот мандат тој сакаше со обезбедување да брка пратеници од собраниската говорница, не дозволуваше процедурални забелешки, а ред во парламентот воспоставуваше и со поставување транспаренти.

Скандалозното однесување на Џафери не го одбележува само неговиот мандат како спикер. Тој и во времето кога беше пратеник влезе во физички конфликт со својот колега Орхан Ибрахими

Џафери ја има функцијата собраниски спикер од 2017 – та година кога СДСМ и ДУИ се договорија спикерското место да го добијат интегративците, и беше избран на скандалозен начин, впрочем и како неговото цело владеење.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста