Од Нова Година најмалку 5% поскапа струја – Владата зголемува ДДВ за струја на 10%

Струјата дефинитивно ќе поскапи на 1 јануари. Министерот за финансии најави дека ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10 проценти, а не 5 проценти како што беше намалено во мај годинава со одлука на Владата.  Со ова практично Владата го погазува ветувањето кое им го даде на граѓаните дека ако цената на електричната енергија на берзите и натаму остане висока ДДВ- то за струјата нема да се зголеми.

Но, поскапувањето веројатно ќе биде многу поголемо од 5% зашто и енергетските компании ќе пријават зголемени трошоци до Регулаторот, па освен поголем данок по Нова Година ќе има и поголема основица.

Енормните трошоци и онака ги доведоа граѓаните да не можат да сврзат крај со крај.   Според последните податоци од ДЗС кои се однесуваат на септември, струјата за една година поскапела за речиси 24 %, парното за 30 % , бензините за речиси 50 %. Поскапувањата ги тера граѓаните да бараат начини како да штедат, велат не знаат како ќе преживеат со оглед на тоа што се е прескапо

Последно струјата поскапе од 1 јули  за 7,4 отсто во просек, или за едно семејство кое внимава и штеди струја приближно плаќа 400 денари повеќе, а беше воведен и нов блок – тарифник за скапа струја според кој  најголем дел од семејствата се во вторио блок кој е до 630 киловат часови потрошена електрична енергија. Поскапување повторно  ќе има сигурно повторно од 1 јануари.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста